Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43 отсто во однос на одлуката од 5 октомври.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 83,5 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 85,5 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 45,973 (денари/килограм)
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,006 денар/кг и сега ќе изнесува 45,973 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,319 %, кај дизелот за 3,744 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 3,999 % и кај мазутот намалувањето е за 2,775 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,074 %.