Рускиот нуклеарен гигант „Росатом“ ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави „Би-би-си“.
Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.
„Нека започне изградбата!“ порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.
Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз.
– Ова е голем чекор, важна пресвртница. На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата – додаде Сијарто.
Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.
Проектот вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.