Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги чека забелешките од енергетските компании кои ќе бидат разгледани на утрешната седница, по што ќе донесе одлука за цената на електрична енергија што ќе биде во важност од 1 јануари.

Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.

На денешната подготвителна седница беа претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.