Рекордни резултати и јакнење на работењето
Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, на седницата одржана вчера, го потврди ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и на матичното друштво за 2021 година. Групацијата, во однос на претходната година, оствари раст на вкупните приходи од 10% (1,46 милијарди евра) и зголемена добивка пред оданочување од 46% (132,6 милиони евра). Ја задржа финансиската моќ, што се потврди со адекватноста на капиталот, која што на крајот од 2021 година, со вредност од 219 проценти, беше во зацртаниот опсег. Воедно, во 2021-ва година повторно ја доби високата оценка "A" од реномираните агенции за кредитен рејтинг. Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното собрание на акционери ќе предложат исплата на дивиденда во износ од 3,7 евра бруто по акција, или во вкупен износ 84,1 милиони евра, што претставува 74 проценти од нето добивката на Групацијата
Триглав во 2021 година и дивиденден принос од 9 проценти.
Успешно работење во 2021
Групацијата Триглав во 2021 година ги зголеми вкупните приходи за 10% во однос на претходната година (1,46 милијарди евра), а во нивниот состав, со иста стапка на раст, зголемен е и обемот на бруто полисираната премија (1.353 милиони евра). Со дисциплинирано преземање на ризик во осигурувањето и фокус на клиентите, Групацијата оствари раст на премија во сите три сегменти од осигурувањето, на сите пазари.
Комбинираниот коефициент на имотните и здравствените осигурувања на Групацијата достигна многу поволна вредност од 88,9 проценти. Добивката пред оданочување изнесуваше 132,6 милиони евра (раст од 46%), додека нето приносот на капиталот изнесуваше 12,5 проценти.
Добри резултати беа постигнати во техничкиот дел на деловното работење и управувањето со средствата на клиентите во инвестициски фондови и поединечното управување. Групацијата зазема водечка позиција во регионот Адриа и ја зајакна својата позиција на одредени осигурителни пазари. Триглав е еден од водечките словенечки менаџери на средства на пазарот на взаемни фондови.
Финансиска стабилност
Во 2021-ва година Групацијата повторно ја доби високата оценка „А“ од агенциите за мерење на кредитен рејтинг S&P Global Ratings и AM Best. Оценките имаат стабилна среднорочна прогноза. Составот на профилот на ризик на групацијата не се промени
значајно, што се потврдува со адекватноста на капиталот, која на крајот од 2021-ва година, со вредност од 219 проценти, беше во целниот опсег, во согласност со политиката за управување со капитал на групацијата. Извештаите, во коишто се детално наведени информациите за солвентност и финансиската положба на Групацијата Триглав и на матичното друштво се достапни на овој линк.
Спроведување на дивидендна политика
Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница на годинешното собрание на акционери ќе предложи исплата на дивиденда во износ од 3,7 евра бруто по акција, или во вкупен износ 84,1 милиони евра, што претставува 74 проценти од нето добивката на Групацијата Триглав за 2021 година и дивиденден принос од 9 проценти.
Предложениот износ надминува 50 проценти од консолидираната нето добивка од претходната година (56,8 милиони евра), што е наведено како почетна точка во политиката за дивиденди на осигурителната компанија.
– Управниот одбор и Надзорниот одбор на компанијата, годинешниот предлог за дивиденда го формулираа врз основа на политиката на дивиденди, земајќи предвид неколку аспекти и околности од изминатите години. Висината на предложената дивиденда воглавно е последица на единственоста или исклучителноста на одредени
сегменти во работењето на Групацијата во изминатите две години, земајќи ги предвид
усогласеноста со целната адекватност на капиталот, проценката на моменталните и
очекуваните услови на работење и способноста за остварување на стратешките цели на
Групацијата Триглав во иднина. Нашата политика за дивиденди е осмислена на начин да
биде атрактивна за акционерите и одржлива за раст и развој на Групацијата Триглав.
Следствено на тоа, во 2023-та година ја задржуваме појдовната точка за предлог на
дивиденда од 50 проценти од консолидираната нето добивка од претходната година – појасни претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.
Одржлива ориентација (ESG)
Групацијата планира да игра водечка улога во регионот во интегрирањето на најдобрите глобални ESG практики во своето работење, затоа подетално ги дефинираше своите стратешки одржливи амбиции за периодот до 2025-та година. Групацијата воедно ја покажа својата посветеност со потпишување на Принципите на Обединетите нации за одржливо осигурување (UN PSI), придржување на Иницијативите на Обединетите нации за животна средина (UNEP FI) и со потпишување на иницијативата PCAF (»Partnership for Carbon Accounting Financials«). Со цел да се подобри јавното известување за ESG, на долгогодишната примена на одредниците и стандардите на Иницијативата за глобално известување (GRI), го додаде известувањето според одржливите сметководствени стандарди (SASB).
Групација Триглав на македонскиот пазар
Групацијата Триглав на македонскиот осигурителниот пазар во 2021-ва година работеше успешно, и покрај непредвидливите социо-економски услови, поради продолженото влијание на пандемијата. Компаниите на Групацијата Триглав работеа во согласност со зацртаните стратешки насоки и ефикасно управуваа со своите активности со цел да обезбедат позитивно искуство за своите клиенти и соработници. Групацијата, во 2021-ва година на македонскиот пазар обезбеди вкупна бруто полисирана премија од 24,9 милиони евра и оствари раст од 18,3% во споредба со претходната година (што е 2,8 процентни поени повеќе од растот на македонскиот пазар).
Триглав Осигурување во 2021-ва година ја потврди водечката позиција на пазарот на неживотни осигурувања. Бруто полисираната премија на компанијата изнесуваше 21,6 милиони евра, што е за 8% повеќе, споредено со претходната година. „Во изминатата година воведовме центар за грижа за клиенти и развивавме иновативни производи, во согласност со потребите на пазарот. Вложуваме во квалитет на корисничкото искуство и градиме однос на доверба со нашите клиенти. Истражувањата покажуваат дека Триглав Осигурување континуирано е прв избор на осигурување на нашиот пазар и за нас тоа е вистински поттик. Градиме стратешки партнерства со реномирани компании, со цел на клиентите да им обезбедиме поквалитетна и подостапна услуга, а сето тоа го поддржуваме со дигитална трансформација, како една од најважните стратешки насоки за развој – изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување Ѓорѓе Војновиќ.
Триглав Осигурување Живот во 2021 година, постигна одлични резултати, остварувајќи
премија од 3,2 милиони евра, апсолутен раст од над 2 милиони евра и најголем раст во
доменот на животното осигурување од 216% во споредба со претходната година. Компанијата тројно го зголеми уделот на пазарот на животно осигурување на 9,96%.
– Брендот и традицијата на групацијата, како и одличната работа на целиот тим, се важни основи за доброто работење, а успешната реализација на поставената стратегија влијаеше на динамичниот раст на осигурителната премија и силното јакнење на пазарниот удел. Остваривме соработка со неколку големи банки, ја збогативме палетата на производи и развивме квалитетна и атрактивна понуда. Имаме амбициозен план за континуиран раст и развој на профитабилноста на компанијата, а грижата за клиентите останува главен фокус – изјави извршната директорка на Триглав Осигурување Живот, г-ѓа Вилма Учета Дузлевска.
Во изминатата година, Триглав пензиско друштво продолжи да ја зајакнува и проширува својата позиција на пазарот на капитално финансираното пензиско осигурување во земјата. Нето вредноста на средства под управување во фондовите на крајот од 2021-ва година порасна за 168 %.
– На крајот од 2021-ва година се потпиша договор за стратешка соработка со Стопанска Банка АД, во насока за подобра достапност и квалитет на услугите во процесите на маркетиншко претставување на друштвото. Компанијата продолжува активно да работи на промоција и едукација на јавноста, градејќи стабилно портфолио за сигурна финансиска иднина на своите сегашни и идни членови – изјави претседателот на Управата на Триглав пензиско друштво Тихомир Петрески.
Годишни извештаи на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2021-ва година.
Годишниот извештај се темели на пораката »Три вредности. Една доверба.
– Со едноставност, агилност и доверливост во своето работење, Групацијата дополнително го зголеми високото ниво на доверба и задоволство на своите клиенти и вработени. Фокусот на клиентот е видлив во развојот на процесите и новите облици на партнерства, дигитализацијата и флексибилноста на понудите за клиентите, како што објаснуваат носителите на развојно ориентираните области во штотуку објавениот извештај. Новиот интегриран годишен извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав ги комбинира финансиските и нефинансиските известувања
во уште поголема мера од претходно.
Ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2021-ва година подготвен е во PDF верзија, согласно регулативата за МАР и е неофицијален. Заедно со службената верзија, која што е направена во ESEF формат, достапна е на босански и на англиски јазик на веб-страницата www.triglav.eu, на линковите https://letnoporocilo.triglav.eu/2021 и https://annualreport.triglav.eu/2021. Меѓу другото, можете да го слушнете и разговорот со Урош Иванц, членот на Управата на Заваровалница Триглав и да го видите развојот на клучните показатели на работењето на Групацијата Триглав.
Комерцијална објава