Фото: ЕПА

Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина.

Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“.

Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет години во однос на американскиот долар, додека распродажбата на државните обврзници на САД, која почна претходно оваа недела, продолжи.

– Масовното бегство во безбедни засолништа … сето ова го одразува целосниот недостиг на јасност на финансиските пазари денес – изјави за „Би-би-си“ Оливие д’Асие од инвестициската компанија „SimCorp“.

– Сега живееме во свет без правила – кога станува збор за трговија, безбедноста, здравјето, па дури и суверенитетот – додаде тој.

Безбедно засолниште е инвестиција која се очекува да ја задржи или дури и да ја зголеми вредноста во периоди на економска несигурност. ј