Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е редовен повратот на ДДВ кон стопанството и дека нема поголеми отстапувања од она што било пракса во минатото. Тој нема информации, како што рече, дека се чека над три месеци и ги повика сите што мислат дека им се должи, слободно да му се обратат.
-Нема поголеми отстапувања од тоа што е пракса во минатото, данокот на додадена вредност се враќа редовно, но разлкиката е во тоа што сега внимателно се проверува за да не ни се случат Крмзов и слични луѓе кои го злоупотребувале и црпеле системот и ги злоупотребувале граѓаните – рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по настанот на Царинската управа ги соопшти резултатите од сработеното.
На прашањето дека според стопанството, се чека над три месеци за исплата, тој е дециден дека апсолутно не слушнал таква информација.
-Имам редовни состаноци со стопанските комори и апсолутно не сум слушнал ваква информација. Сите што мислат дека им се должи слободно нека ми се обратат, сите го имаат мојот контакт телефон да видиме дали е тоа така – истакна премиерот.