Фото: „Нова Македонија“

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.

Како што изјави за медиумите, клучните проекции, БДП и инфлацијата, остануваат исти.

– Генерално, остануваме на истите бројки кои ги имавме од аспект на бруто домашен производ инфлација- истакна Димитриоска Кочоска, по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности, што ја организираа Министерството за финансии (МФ) и Канцеларијата на ООН во Скопје.