Одлука за национална консултација за важни прашања поврзани со економијата, општеството и надворешните односи на Албанија е донесена на денешната седница на Владата во Тирана, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
– Со прашалник што ќе им го ставиме на располагање на сите Албанци, внатре или надвор од државата, ќе му дадеме живот на едно народно собрание каде што ќе го апсорбираме нивното мислење за прашања од стратешко значење за државата, за економијата и за нашето општество – изјави Рама.
Тој најави дека ќе биде испратен прашалник до Албанците, каде и да се, за да го отсликаат нивното мислење за „Отворен Балкан”.