Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во септември 2025 година се зголемени за 1,7 отсто во однос на претходниот месец, а се намалени за 2,3 проценти во однос на истиот месец претходната година.
Како што информира Државниот завод за статистика, во поткласата Масла за ложење, н.д.м. (мазут) во септември 2025 година, цената е намалена за 5,4 отсто во однос на претходниот месец.


































