РЕК „Осломеј“ е во 48-часовен прекин поради пукната цевка, како најчест дефект во термоелектраните, кој брзо се санира, соопштија од таму.
– Производството на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено преку другите електрани на АД ЕСМ, пред се, со поинтензивно производство на двата блока во РЕК „Битола“. Се очекува РЕК „Осломеј„ повторно да биде на мрежа од сабота – се потенцира во соопштението.
Надлежните напоменуваат дека РЕК „Осломеј“ во последните години работи со исклучително зголемен капацитет, благодарение на како што додаваат силните инвестиции кои беа направени во комбинатот во периодот од 2018 до 2020 година во однос на термоелектраната, опремата, човечките ресурси итн.
– Како резултат на тоа се забележува зголемено производство, така што заклучно со вчерашниот ден, производството од Осломеј достигна 219 гигават/часа. Со тоа РЕК „Осломеј“ го исполни и го надмина планот за производство за 2022 година – се истакнува во соопштениетое.