Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5,611 до 15,403 денари за киловат час, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7,945 денари за киловат час, што претставува намалување од 8,7 отсто во споредба со второто полугодие од 2024 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2025 година изнесува 7,271 денари по киловат час, што претставува раст од 0,7 отсто во споредба со второто полугодие од 2024 година.
Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 881,518 до 1 538,014 денари за гига џул по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата, пак, е 2 065,145 денари за гига џул.
-Според групата на крајни потрошувачи, класифицирани според нивната просечна годишна потрошувачка: намалувањето, односно зголемувањето на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од пад од 13,7 до раст од 9,4 отсто. Зголемувањето на просечната цена на природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,6 до 10,2 отсто, прецизираат од Државниот завод за статистика.