Фото: Пиксабеј

Прометот во индустријата во јули годинава е зголемен за 13,8 отсто во однос на истиот месец лани, во споредба со јуни 2025 година бележи опаѓање за 0,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2025 година во однос на периодот јануари – јули 2024 година пораснал за 8,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупниот промет во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,6 проценти, Капитални производи за 36.4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6 поценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст од 3,4 проценти, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1,3 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17,4 проценти, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10,3 проценти.