Марк Зукерберг се соочува со загуба од 24 милијарди долари од неговото богатство во една од најголемите дневни загуби, откако приходите на компанијата „Мета“ не ги постигнаа предвидените цели, објавува „Блумберг“.
„Мета“ не забележа месечно зголемување на корисниците на Фејсбук во четвртиот квартал, во однос на претходниот период, отворајќи прашања за идниот развој на компанијата. Згора, цената на акциите на „Мета“ вчера се намали за околу 20 отсто. „Мета“ се соочува и со предизвици при борбата со регулаторите, обидувајќи се да ги оправда и стратешките промени со амбициозниот проект познат како „метаверзум“.
Доколку ваквиот тренд продолжи, се проценува дека богатството на извршниор директор на „Мета“ Закерберг би забележало пад од 120,6 милијарди долари на 97 милијарди, според индексот на милијардери на „Блумберг“. На тој начин Закерберг не би бил меѓу најбогатите десетмина луѓе на светот за првпат од јули 2015 година.
Дневниот пад на богатството од 24 милијарди долари би бил меѓу најголемите забележани досега, откако Илон Маск загуби 35 милијарди долари во еден ден, во ноември минатата година, по падот на акциите на неговата компанија „Тесла“.