Фото: Нова Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1 денар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар.

За 1,042 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 45,631 денари.