Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска потпиша Колективен договор со претставници на синдикалните здруженија, со кој се предвидува зголемување на платите и подобрување на работниот статус на вработените во ресорот.
Со договорот се става крај на повеќегодишниот период без важечки Колективен договор, што, како што беше посочено, создавал неизвесност и ограничени можности за унапредување на правата на вработените.
– Ова е важен чекор, имајќи предвид дека неколку години немаше важечки Колективен договор, што претставуваше загриженост и неизвесност – информираат од Министерството.
Покрај растот на платите, договорот предвидува и дополнителна заштита на правата и подобрување на условите за работа.
– Со Колективниот договор се обезбедува значително зголемување на платите, како и унапредување на работните услови за сите вработени – наведуваат од ресорното министерство.
Според договореното, зголемувањето на платите ќе се реализира постепено во наредните три години.
– Зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години – стои во соопштението.
Од Министерството истакнуваат дека со овој потег се потврдува заложбата за создавање стабилен и праведен работен амбиент.
– Со овој чин се потврдува нашата заложба за градење стабилен, праведен и мотивирачки работен амбиент, во кој трудот на вработените ќе биде соодветно вреднуван – посочуваат од Министерството.
































