Пензионерите излегоа да протестираат за повисоки пензии пред американската амбасада во Скопје, по што продолжија пред владината зграда.
„Пензионерите бараат достоен живот“, „Ние пензионерите не сме социјалци“, „Го бараме нашето“, беше испишано на дел од транспарентите на протестот.
Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари како и минимална пензија од 20 илјади денари.
Во септември, со редовното усогласување, пензионерите добија зголемување од 5,3 отсто, а минималната пензија во моментов изнесува 13.200 денари.
Протести секојдневно има и во други градови во државата.