Фото: Шпаркасе банка

Во месецот на штедење, Шпаркасе Банка АД Скопје воведува нов дигитален производ наменет за штедење Онлајн депозит со промотивни каматни стапки и целосна дигитална достапност.

Депозитот претставува стратегиски чекор во дигиталното банкарство на Шпаркасе Банка со кое се овозможува клиентите да отворат депозит целосно онлајн, преку мобилната апликација S-Banka, без потреба од посета на експозитура. Со неколку кликови, штедењето станува брзо, едноставно и безбедно, без употреба на хартија и посета на експозитура.

Сите клиенти што ќе отворат онлајн депозит, преку мобилната апликација S-Banka, добиваат промотивна каматна стапка, која важи во периодот од 1.10.2025 до 31.10.2025.

КАМАТНИ СТАПКИ ЗА ОНЛАЈН ДЕПОЗИТИ

Штедење во денари:

2,80 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци

2,70 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци

Штедење во евра:

2,10 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци

1,90 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци

Дополнително, Шпаркасе Банка воведува промотивни каматни стапки за Детски депозит

Плус со следните услови:

За штедење во денари, клиентите добиваат:

2,75 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци

2,70 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци

За штедење во евра:

2,00 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци

2,05 проценти фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци

Горди сме што токму во месецот на штедење ги претставуваме новите решенија, кои комбинираат сигурност и иновација. Со ОНЛАЈН депозитот ја отвораме новата ера на дигитално штедење, а со Детскиот депозит Плус ја поттикнуваме навиката за штедење уште од најмала возраст. Со своето повеќедецениско искуство и поддршка од 200-годишната традиција на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, Шпаркасе Банка нуди сигурни и практични можности за финансиска иднина на своите клиенти“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка АД Скопје.