Отворени се 22 нови авиолинии што ја поврзуваат Македонија со повеќе европски дестинации, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на социјалните мрежи, споделувајќи мапа со нововоспоставените линии од двата домашни аеродрома во периодот од 2024 до 2026 година.
Николоски на „Фејсбук“ истакна дека авиосообраќајот во државата бележи значителен развој.
„Аеродромите во државата со сè поголем број патници стануваат лидери во регионот. Продолжуваме во периодот што следува со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот“, напиша Николоски.
Тој потенцира дека проширувањето на мрежата на авиолинии е дел од напорите за подобра поврзаност на Македонија со европските центри.

































