Фото:Шпаркасе банка

Шпаркасе Банка АД Скопје ја заокружува оваа 2025 година со реотворање две реновирани експозитури – во Капиштец и во Чаир. Експозитурата во Капиштец се наоѓа на ул. „Народен фронт“ бр. 19, а експозитурата во Чаир на ул. „Џон Кенеди“ бр. 155 во Скопје. Двете експозитури се отворени секој работен ден, од понеделник до петок, во периодот од 8.00 до 16.00 часот.

Фото:Шпаркасе банка

Со реотворањето на овие експозитури, Шпаркасе Банка продолжува со унапредување на својата продажна мрежа, нудејќи им на своите клиенти подобрено и современо корисничко искуство за сите банкарски услуги. Просторите се реновирани во согласност со највисоките стандарди на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, со посебен фокус на функционалноста, удобноста, естетиката и отворената комуникација со клиентите.

Реновираните експозитури се изработени со употреба на еколошки и одржливи материјали, што ја одразува посветеноста на Банката кон одговорно и одржливо работење. Новиот концепт обезбедува поголем комфор, подобра организација на просторот и пријатна работна средина за вработените, како и повисоко ниво на услуга за клиентите.

Отворањето на експозитурите се реализира во годината кога Групацијата Штаермеркише Шпаркасе одбележува 200 години постоење – две столетија европска банкарска традиција, стабилност и експертиза. Како дел од оваа силна групација, Шпаркасе Банка АД Скопје ја комбинира европската експертиза со длабоко локално познавање на потребите на клиентите и на заедницата.

Фото:Шпаркасе банка

По повод отворањето на двете експозитури, свое обраќање имаше претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, г. Санел Кустурица:

„Двесте години традиција на Групацијата Шпаркасе се темел на доверба, стабилност и континуирани иновации. Нашата цел е да бидеме банка што е навистина блиска до клиентите – банка што ги разбира потребите на граѓаните, а истовремено ги применува најдобрите европски практики. Со реновираните експозитури во Капиштец и во Чаир, продолжуваме да инвестираме во подобра достапност, поквалитетна услуга и долгорочна вредност за клиентите, вработените и за заедницата.“

Фото:Шпаркасе банка

Шпаркасе Банка АД Скопје останува посветена на континуирани инвестиции во инфраструктурата и во развојот на својата мрежа на експозитури, обезбедувајќи современи, функционални и клиентски ориентирани простори, во кои клиентите можат да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги на едноставен и ефикасен начин.