Додека пак само во 2021 година овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места.
Преку овој Закон во изминатите 5 години склучени се вкупно 633 договори за финансиска поддршка.
Дополнително, На предлог на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја усвои Предлог – Програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година. Со неа се зголемуваат средствата на 2,6 милијарди денари, по ребалансот на буџетот, со кои се врши исплата на сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнува и авансната исплата на субвенциите во висина од 30% од вкупната вредност, која од оваа година за прв пат ќе се изврши за овоштарите додека од следната 2023 година авансна исплата на субвенциите ќе се врши за сите директни плаќања кон земјоделците.
Усвоена е и измената на програмата за финансиска поддршка на Руралниот развој за 2022 година која се врши поради зголемен интерес за мерката 115 Поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, со цел реализирање на сите поднесени апликации по оваа мерка. Поради зголемен интерес за мерката 121.9 набавка на силоси се врши зголемување на финансиските средства со цел да се овозможи реализација на сите 24 поднесени апликации доставени по оваа мерка.
Со измената на Програмата се создава основ за авансна исплата од 40% на грантот за поддршка на млад земјоделец од 20.000 евра со новиот јавен повик од 2022 година, врз основа на донесената измена на законот за земјоделство и рурален развој (Службен Весник на РСМ бр. 123/22). Во програмата за Рурален развој се зголемуваат и средствата кај мерката 211 со 100 милиони денари, за реализација и поддршка на меѓународни саеми и саемски манифестации на кои учествува Република Северна Македонија со национални штандови за промоција на македонските земјоделски производи, вино и преработка од земјоделски производи и тоа учество на саемот „Агра“ во Горна Радгоња во Република Словенија, саемот „Open Balkan Wine & Fair“ кој е дел од иницијативата Отворен Балкан и саемот „Тера Мадре“ во Торино каде заедно со економско-социјалниот партнер Слоу Фуд Македонија ќе бидат презентирани македонските традиционални производи.
Владата на денешната седница ја усвои и измената на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година. Со ова се врши промена на рокот за подмерките 1.18 за оризова арпа предадена во регистрирани капацитети за откуп и преработка и подмерката 1.19 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи. Со измената рокот за аплицирање по овие две мерки е до продолжен до 31 август 2022 година.
Владата исто така ја усвои измената на програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2022 година со што се врши продолжување на рокот до 15 август 2022 година за поднесување на барања за директни плаќања во органското земјоделско производство за 2022 година, со цел сите земјоделци во органското производство да можат навремено да го остварат правото на субвенции.