Фото: Маја Јаневска-Илиева

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,559%, кај дизелот за 0,837%, кај екстра лесното масло за 0,048% и кај мазутот намалувањето е за 1,882%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,650%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од РКЕ.