Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 денари за килограм и сега ќе изнесува 51,564 денари.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 105,50 (денари/литар)
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 / 108 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) / 101 (денари/литар)
Масло за горење -Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) / 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 51,564 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,508%.
Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.