Управата за јавни приходи соопшти дека од четврток попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.
Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.
– Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период, можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира – се вели во информацијата од УЈП.
Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин.