Серија на успеси
- Најдобар автомобил до 50.000 евра: Новите Astra и Astra Sports Tourer водечки во класата
- „Зборува сам за себе“: Opel трет пат последователно освојува „Златен управувач“
- Јубилејна победа: овогодинешната награда е 20-ти „Златен управувач“ за Opel
Новата Opel Astra освои „Златен управувач за 2022“!
Воедно, електрифицирана за прв пат како plug-in хибрид, Astra со пет врати и Sports Tourer ги убедија читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, како и стручното жири. Последната генерација на бестселерот од компактната класа од германскиот производител на автомобили ја победи силната конкуренција за да освои една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија како „Најдобар автомобил до 50.000 евра“.
Во исто време, Opel слави извонредна серија на успеси со новата Astra. Со наградата „Златен управувач за 2022“, производителот за прв пат три години по ред ја добива оваа награда. Во 2020 година, Opel Corsa-e ја освои посакуваната награда, а минатата година Opel Mokka-e.
Дополнително, актуелната награда „Златен управувач“ е веќе 20-та за Opel.
„Навистина ја погодивме публиката со новата Opel Astra“, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl на церемонијата на доделување на „Златен управувач за 2022“ во Axel Springer Haus во Берлин. „Нашата најнова генерација на компактна класа не само што е убедлива, туку и возбудлива, особено како plug-in хибрид. Воодушевени сме што
читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG, стручното жири и уредничкиот тим гледаат на ист начин“.
„Новата Astra ја раздрма компактната класа бидејќи има многу квалитети што Ви се
потребни за да бидете успешни во овој сегмент. Голем дисплеј, одличен волумен на
багажникот и избор на различни погони – сето тоа на една платформа. И ако тоа не ве
убеди, само треба да ги испробате ергономските седишта“, изјави Tom Drechsler, главен
уредник и извршен директор на AUTOMOTIVE на BILD Group.
Внимание на деталите: Astra обединува смел и елегантен дизајн со врвни технологии
Верни на мотото „Новата Astra зборува сама за себе“, најновите генерации Astra и Astra Sports Tourer не само што се подинамични од кога било, туку и со новото лице на брендот, Opel Vizor и целосно дигиталниот, интуитивен cockpit Pure Panel , поставуваат стандарди и во компактната класа. Врвните технологии во новата Astra ја вклучуваат најновата еволуција на адаптивните Intelli-Lux LED® Pixel Light предните светла без отсјај, со вкупно 168 LED елементи. Одлична удобност обезбедуваат ергономските седишта со сертификат AGR. Со моќност до 133 kW/180 КС и висок вртежен момент од 360 Nm, електрифицираниот Astra plug-in хибрид е исто така одлично забавен за возење (WLTP потрошувачка на гориво: 1,1-1,0 l/100 km, емисија на CO2 24-23 g /km, комбинирано). Верзијата со пет врати забрзува од нула до 100 km/h за само 7,6
секунди. Така, Astra за прв пат е без емисии – локално.
Opel и „Златниот управувач“: 20-те добитници од Rüsselsheim
Opel Astra е најновата во гордата линија на добитници на „Златен управувач“ од Opel. Наградата, која од 1976 година ја доделува издавачката куќа Axel Springer BILD am SONNTAG (од 2009 година во соработка со AUTO BILD) ја освои по 20-ти пат германскиот производител на автомобили. Сè започна во 1978 година, две години по основањето на наградата, со Opel Senator A.
На патот до победата на „Златниот управувач“, читателите на AUTO BILD и BILD am SONNTAG се секогаш први во редот. Тие гласаат за новите болиди и на тој начин ги избираат своите три фаворити во секоја категорија за финалето. На тркачката патека DEKRA Lausitzring во Германија, истакнато жири составено од новинари, возачи на трки и експерти за автомобили ги испитува поединечните финалисти според критериумите засновани на шемата за тестирање на AUTO BILD.
„Златен управувач” по години/мoдел
1978 Opel Senator A
1979 Opel Kadett D
1981 Opel Ascona C
1982 Opel Corsa A
1984 Opel Kadett E
1987 Opel Senator B
1990 Opel Calibra
1994 Opel Omega B
1995 Opel Vectra B
1999 Opel Zafira A
2002 Opel Vectra C
2005 Opel Zafira B
2009 Opel Astra J
2010 Opel Meriva B
2012 Opel Zafira Tourer
2015 Opel Astra K
2017 Opel Ampera-e
2020 Opel Corsa-e
2021 Opel Mokka-e
2022 Opel Astra L
Комерцијална објава