Фото: Маја Јаневска-Илиева/Илустрација

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска упати честитка по повод 9 Април – Денот на железничарите на Македонија.

–  Честит 9 Април – Денот на железничарите на Македонија. 152 години од постоењето на Железницата во Македонија и сè уште создаваме историја – напиша Николоски на Фејсбук.

Заеднички и одговорно, како што наведува, ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници и ќе изградиме современ систем на модерна и европска железница.