Фото: Принтскрин

Бруто домашниот производ порасна за 3,4 отсто во април, мај и јуни. Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат. Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7,3 отсто, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

– Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3.4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија!  Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7.3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7.1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6.0% – пишува тој на својот Фејсбук-профил.

Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење, додава Николоски, растот во третиот квартал ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт.