Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година – објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Градежништво, Преработувачка индустрија и Финансиски дејности и дејности на осигурување.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесува 64.697 денари.