Револтот од енормното поскапување на храната, повеќето граѓани го изразија така што од изутрината ги заобиколуваа големите маркети, а дел го купуваа само она што им е неопходно.

Повикот за бојкот испразни дел од маркетите, пазарите и продавниците низ Македонија. По револтот од енормното поскапување на храната, повеќето граѓани од изутрината ги заобиколуваа маркетите, а дел го купуваа само она што им е неопходно.
Ефектите од бојкотот на маркетите ќе се знаат дури откако ќе се заклучат касите на крајот на денот.

Управата за јавни приходи ги следи случувањата и прави анализи за тоа дали имало или не намалена потрошувачка и намалени профити кај трговците деновиве.
Во пресрет на најавите за бојкот, дел од маркетите најавија попусти на производите и поволности за потрошувачите обидувајќи се да го зачуваат кредибилитетот на пазарот и прстот го вперија кон добавувачите, коишто велат дека им наметнуваат повисоки цени на производите.
Според нив, растот на малопродажните цени се должи на растот на набавните цени.
Цените на производите изминатите месеци посојано се движеа во нагорна линија, по што владата воведе таканаречени празнични кошнички. Но она што предизвика реакција беше наглото зголемување на цените пред да бидат воведени кошничките, по што следуваа засилени инспекциски контроли.