Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, а дизелот за два денари. За 2,50 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 денари за литар.
Новата цена на дизелот ќе биде 68,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 68 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот за 0,639 денари за килограм кој сега ќе се продава по цена од 42,573 денари за килограм.
Од РКЕ информираат дека со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 проценти во однос на претходно донесената одлука.