Прометот во индустријата, вкупно, во август година, во однос на истиот месец лани е намален за 0,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6 %, Капитални производи за 18,3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 %.
Прометот во индустријата, вкупно, во август во однос на јули 2024 година, е намален за 6,4 проценти. Во периодот јануари – август годинава, пак, во споредба со истиот период од 2023 се бележи пад од 12,8 отсто.
На домашниот пазар, прометот во индустријата во август 2024 година е помал за 9,6 прозенти. Според главните индустриски групи, опаќање се бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,0 %, Капитални производи за 27,3 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,3 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 %.
Во однос на јули годинава има намалување од 7 отсто, а во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, падот е 1,8 проценти.
Намалување од 10,5 проценти е евидентирано и во прометот во индустријата на странските пазари, во август годинава во оснос на август лани. Според главните индустриски групи, опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,6 %, Капитални производи за 18.4 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 %, додека пораст бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 %.
Во август, во споредба со јули 2024, намалувањето е 6,3 проценти, додека во периодот јануари – август споредено со истиот период од 2023 година, падот изнесува 16,2 отсто.