Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница заклучи дека Предлог-законот за изменување на Законот за исплата на платите, Предлог-законот за дополнување на Законот за задругите, Предлог-законот за изменување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица и Предлог-законот за изменување на Законот за јавните претпријатија се прифатливи и дека можат да се дадат на натамошно читање.
Овие законски решенија, како што беше речено, се носат поради правни усогласвувања.
На седницата беа усвоени и предлог-измените и дополнувањата на Законот за енергетска ефикасност кои се со европско знаменце.