Фото: Маја Јаневска-Илиева

За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Не се менува цената на Мазутот М-1 НС.

Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт, посочуваат, можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 2,40 проценти во однос на  вчерашната одлука на РКЕ. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777 проценти, кај дизелот за 5,057 проценти, кај екстра лесното масло за 5,078 проценти и кај мазутот намалувањето е за 1,745 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851 процент