Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за два денара по литар – соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 денари.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

































