Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот Фејсбук-профил премиерот Димитар Ковачевски.
Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците.
– Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, пишува Ковачевски.
ССМ: Ако не се изгласа минимална плата од 18.000 денари почнуваме со блокади
Претходно од Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение и порачаа на Владата одлучно да застане на страната на работниците и да го стави синдикалниот предлог за минималната плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи.