Платежната агенција денеска изврши исплата на 62.201.000 денари за обележани грла кози.
Како што соопшти Агенцијата, средствата се префрлени на сметките на близу 1 700 корисници.
За оваа мерка можеа да аплицираат земјоделски стопанства одгледувачи на кози кои поседуваат најмалку 10 грла од сите категории евидентирани во Регистерот на одгледувалишта на кози.
Висината на директните плаќања изнесува 1 200 денари по грло, односно 1 300 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број грла за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 150 грла за сите категории и возрасти.
– Продолжува обработката на барањата за финансиска поддршка предвидени за директните плаќања за кои ќе следуваат и други исплати за сите апликанти кои ги исполнуваат условите при аплицирање – вели директорот на Агенцијата, Никица Бачовски.