Фото: Александар Николоски/Фејсбук

Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓаните и компаниите, а на државата економски напредок, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на отварање на новата трафостаница „ТЦ Централа” во Скопје, инвестиција на компанијата ЕВН.

Во своето обраќање тој потенцира дека овој проект е пример за заедничка посветеност на Владата и приватниот сектор во реализација на крупни инвестиции и додаде дека Македонија во моментов е водечка земја во регионот во делот на енергетската транзиција.

-Навистина ми е драго  што можеме да присуствуваме на отворање на овој значаен објект и да се заблагодарам за подршката на тимот на ЕВН затоа што навистина е уметност да се стави еден ваков објект во срцето на Градот имајќи предвид дека ова што се гледа е само еден дел, а тоа што не се гледа е подземната инфраструктура и навистина беше заедничка работа на Владата и на ЕВН. Ова е едно архитектонско достигнување и би сакал да честитатм на сите што беа вклучени, различни ресори на Владата и компанијата. Ова е пример како можеме и во централното градско подрачје да реализираме проекти кои се од интерес на државата и се надевам дека овој објект ќе значи стабилност за целокупното централно градско подрачје и за сите што гравитираат кон него – потенцира Николоски, пренесува МИА.

Тој укажа и на важноста на иницијативата на премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот во однос на привлекување идни инвестиции во енергетиката.

-Знаете дека политиката на Владата е да подржува енергетска транзција, во моментов мислам сме шампниони во целиот регион, а со иницијативата што ја претстави премиерот Мицкоски за интегрирање на земјите од регионот и создавање на еден сојуз и еден обидинет пристап, мислам дека Македонија ќе го покаже своето лидерско место во годините кои се пред нас во делот на енергетиката и на енергетската транзиција како главен двигател на развојот на државата – истакна вицепремиерот Николоски.