Фото: МИА

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз – смета премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Тетово, премиерот рече дека очекува уште подобри резултати во периодот што следи.

– Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за индустриското производство за декември. Повторно имаме раст на индустриското прозводство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија – изјави Мицкоски.

Вчера, Државниот завод за статистика излезе со информација дека индустриското производство во декември е зголемено за 2,3 проценти во однос на декември 2024 година.