Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0,2 проценти во јуни во однос на мај годинава, а за 5,3 проценти споредено со јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Како што наведува ДЗС, во јуни, на месечно ниво, има зголемување на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 проценти.
На годишно ниво, пак, цените се зголемени во групите Енергија за 8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.