Германија целосно ќе престане да купува руски јаглен на 1 август и руска нафта на 31 декември и ќе доживее голема промена во снабдувањето со енергија на земјата, изјави на конференција заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес.
Клучен предизвик ќе биде пополнување на огромната празнина што ќе остане кога Европската Унија ќе се откаже од 158 милијарди кубни метри гас што годишно ги испорачува Русија, рече Кукиес.
– За неколку недели нема да имаме повеќе руски јаглен – рече тој на енергетскиот форум во Сиднеј, организиран од австралиската влада и Меѓународната агенција за енергија.
Русите претходно испорачувале 40 отсто германски јаглен и 40 отсто нафта, рече тој.
– Секој што ја знае историјата на нафтоводот „Дружба“, кој веќе беше алатка на советската империја над Источна Европа, знае дека ослободувањето од таа зависност не е безначајна работа, но тоа ќе го постигнеме за неколку месеци – рече Кукиес.
Германскиот страв од прекин на снабдувањето со руски гас расте. Редовниот летен ремонт на гасоводот „Северен тек 1“ започна на 11 јули, а вообичаено трае 10 дена.