АД ЕСМ соопшти дека во моментот произведува електрична енергија преку двата блока во РЕК „Битола“, едниот блок во РЕК „Осломеј“ и хидроелектраните кои се користат пред се за системски услуги.
Според компанијата, со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети.
– ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на блок 1 во РЕК „Битола“, и со повторното вклучување на блок 1 во системот, се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката, заради поголема довеерливот за следниот период, кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени – информира ЕСМ.