Енергијата е заедничкиот именител што ги поврзува сите други елементи за развој

За да почне со инвестиција во енергетскиот сектор, Владата треба/мора да предвиди во буџетот процент насочен за капитална изградба на енергетски објекти. Колкав е процентот во буџетот што Владата ќе може да го издвои наменски за овој сектор? Дали може да биде еднаков со досегашниот процент за НАТО од два отсто или околу 150 милиони евра годишно? Дали е тоа малку или многу? Имаме ли стратегија за развој на енергијата?

Кога размислуваме за суверенитет и одржлив развој на Македонија…

Проф. д-р Константин Димитров во еден пообемен авторски текст, ексклузивно за читателите на „Нова Македонија“ и за јавноста, дава негови исклучително вредни експертски видувања за потребите, поточно неопходноста од континуитет за Македонија да инвестира во свои енергетски ресурси, односно во развивање сопствени капацитети. Експликацијата и аргументацијата на професорот Константин Димитров ќе ги пренесеме во три продолженија во весникот и на порталот на „Нова Македонија“.Проф. Димитров: Кога размислуваме за суверенитет и одржлив развој на Македонија, клучни елементи се безбедност, вода, храна, младост, знаење и енергија. Од нив, енергијата е онаа што ги поврзува сите. А од сите форми на енергија – електричната енергија е највредна. Затоа, прашањето каде да инвестираме

Кога размислуваме за суверенитет и одржлив развој на Македонија, клучни елементи се: безбедност, вода, храна, младост, знаење и енергија. Од нив, енергијата е онаа што ги поврзува сите. А од сите форми на енергија – електричната енергија е највредна. Затоа, прашањето каде да инвестираме.

Фокусот е обезбедување достапна, сигурна и домашна електрична енергија!

Вкупните потреби за електрична енергија десетици години се стабилни. Треба да се произведе или да се купи од приватни производители на годишно ниво од 7.100 до 7.300 гигават-часа (GWh) (Слика бр. 1).
Домаќинствата и комерцијалниот сектор се главните потрошувачи на електрична енергија, со над 50 отсто од енергијата што е на располагање.
Предизвик за општеството е како да обезбеди доволно количество електрична енергија. Првата дилема е што е подобро и што е побрзо за реализација:
• Да произведеме доволно количество електрична енергија, или
• Да ја намалиме потрошувачката на електрична енергија по единица производ, а да ги задоволиме потребите на потрошувачите со мерки за енергетска ефикасност (ЕЕ).
За секторот производство на електрична енергија имаме и нов Закон за енергија.
За секторот ЕЕ имаме закон, а во подготовка е негово дополнување со одредбите (наредбите!) од најновата ЕУ-директива за ЕЕ (2023/179), во која се препорачува дека во енергетската транзиција кон општество без фосилни горива во секторот енергетика е Energy Efficiency First – т.е. енергетска ефикасност пред сѐ. Но тоа не е сѐ. Ако ова се пренесе на нашите македонски обврски, се наложува длабинско реновирање на сите згради што се сопственост на државата, со мерки за ЕЕ, и да се сведе потрошувачката на енергија скоро до „0“ (нула). Комуникацијата од европската комисија до членките на Енергетската заедница препорачува: COM(2020) 662 final – A Renovation Wave for Europe, со слоганот „Greening our buildings, creating jobs, improving lives“ („Бран на реновирање за Европа“ – „Озеленување на нашите згради, создавање работни места, подобрување на животот“). Во 2020 година, со усвојувањето на Националниот план за енергија и клима (НПЕК) презедовме тешка обврска кон ЕУ – намалување на емисијата на јаглерод диоксид за 82 отсто, во споредба со нивото во 1990 година (речиси неостварливо). А ЕУ не заборава: сте напишале сами, сте зеле обврска – исполнете ја (како договорот со Бугарија, а?)! А за да го оствариме тоа, треба да инвестираме многу во мерки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
За да почне со инвестиција во енергетскиот сектор, Владата треба/мора да предвиди во буџетот процент насочен за капитална изградба на енергетски објекти. Колкав е процентот во буџетот што Владата ќе може да го издвои наменски за овој сектор? Дали може да биде еднаков со досегашниот процент за НАТО од два отсто или околу 150 милиони евра годишно? Дали е тоа малку или многу? Имаме ли стратегија за развој на енергијата?
Имаме стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, подготвена од МАНУ, со три сценарија. Владата го прифати „Зеленото сценарио“, насочено кон максимално искористување на обновливите извори на енергија. Предвидено е во периодот до 2040 година да се изградат нови постројки прикажани во табелата:
За реализација на оваа програма е проценето дека се потребни 17,5 милијарди евра, или 850 милиони евра годишно, за период од 20 години. Не е многу, само три годишни буџета на Македонија.

Потрошувачка на електрична енергија по сектори 2010-2022

Со стратегијата е предвидено сите овие постројки и капитални објекти како Чебрен, Галиште, Велес, Глобочица да бидат изградени со сопствени средства, помош од ЕУ, дел преку кредити и многу мал дел како ЈПП ( јавно приватно партнерство). Значи, сите овие нови објекти се СОПСТВЕНОСТ на Македонија, а не се единствено изградени на територијата на Македонија. И покрај овие предвидени инвестирања, со стратегијата се предвидува 12 отсто увоз/купување од приватни производители на електрична енергија. Да повторам: за реализација на оваа програма е проценето дека се потребни 17,5 милијарди евра! Инвестиции во енергетика за изградба на енергетски системи и мерки за енергетска ефикасност.
Со Националниот план за енергија и клима (НПЕК) (освежен во јули 2025 год.), за исполнување на обврските за ублажување на влијанието на климатските промени е проценето (види ја табелата) дека до 2030 година треба да инвестираме 1.810 милиони евра (просечно 362 милиони годишно).
Дополнително треба да се инвестираат 1.665 милиони евра во секторот на згради (реновирање, нови згради со потрошувачка на енергија блиску до нула) и транспорт. Треба да инвестираме две милијарди евра годишно до 2030 година за да ги исполниме ветувањата што сме ги усвоиле со стратегиските документи изработени во 2020 година. Обврска си е обврска, нема бегање, а?
Дали како држава, како стопанство, може да се издвојат толкави средства за овој сектор? Не дека е тешко, туку е невозможно. Според мене, единствен начин да се исполнат ветувањата кон Европската енергетска заедница е комбинација на сопствени и приватни инвестиции.

Автор: проф. д-р Константин Димитров