До 2040 година, скоро 5 билиони мажи и жени ќе живеат во градските подрачја. Да се направи урбаниот простор „поднослив“ е еден од главните предизвици на 21 век, а тежнеењето за создавање „подносливи градски средини“ го делат сите жители на градот. Факторите како што се квалитетот на воздухот, растот на е-трговија и доставата до дома, како и зголемувањето на бројот на алтернативни превозни средства го менуваат изгледот, сообраќајот и начинот на живот во големите урбани центри.
PEUGEOT се прилагодува за ова ново сценарио со глобална посветеност на електрификација и има за цел до 2023 година да има 100% електрифицирана гама. Ова е овозможено денес, благодарение на урбаните возила како што се новиот PEUGEOT e-208 и PEUGEOT e-2008, но исто така благодарение на комплетната палета од 100% електрични комерцијални возила, способни да ги задоволат сите видови потреби за транспорт и испорака.
Како снабдувач на 360° мобилност, благодарение на својата палета електрични велосипеди, мопеди и скутери, но исто така и благодарение на присуството на своите возила во “Car-sharing” флотите – како Free2Move, PEUGEOT исто така обезбедува еколошки решенија за да ги задоволи потребите за мобилност до „последен километар“.
Новиот урбанистички план почнува да се зема во предвид во развиениот свет. Се фокусира на издржливост, отворање нови пешачки зони, велосипеди и возила напојувани од алтернативни енергии. Возилата со внатрешно согорување постепено се заменуваат.
Како снабдувач на мобилност, PEUGEOT ја обезбедува слободата на движење на своите клиенти со многу различна палета на електрифицирани возила чии перформанси и автономија станаа референца на пазарот. Компактни автомобили, SUV, комерцијални возила, велосипеди, скутери … Сите играат улога во стратегијата за електрификација на брендот PEUGEOT.
„Моќта на изборот“ е еден од столбовите на технолошкиот напор на PEUGEOT. Новата генерација на електрифицирани автомобили им нуди на клиентите на брендот можност за избор на тип на енергија што одговара најдобро на нивните потреби и користење, без да се жртвува дизајнот, удобноста, нивото на опрема, просторноста, капацитетот на товарниот простор или задоволството при возење. Изборот на формата не ја диктира неговата употреба. Оваа филозофија е веќе реалност. Во патничките автомобили, со новиот PEUGEOT e-208, e-2008, 3008 Hybrid, 508 Hybrid и 508 SW Hybrid и во комерцијални возила, со PEUGEOT e-Expert, e-Traveller и e-Boxer. Сите тие го нудат истиот простор за товар и функции за помош на возачот како и нивните верзии со внатрешно согорување (бензин и дизел).
Новиот PEUGEOT e-208 е демонстрација на слобода на движење, како во градот, така и по автопат. Неговата батерија со голем капацитет од 50 kWh обезбедува опсег до 340 km, според протоколот за одобрување на WLTP. Неговиот мотор од 100 kW (136 КС) обезбедува 230 Nm вртежен момент, тивко и без вибрации и му овозможува да помине од 0 до 100 km / h за 8,1 секунди. Благодарение на трите различни режими на возење, новиот PEUGEOT e-208 нуди широк спектар на можности: приоритет се дава на зголемување на опсегот во режимот Еco, максимална удобност за секојдневна употреба во Normal режим и на крај максимални сензации и живост во режимот Sport. Опсегот, перформансите и мобилноста на PEUGEOT e-208 го прават градски автомобил прилагоден на спецификите на градското возење.
Новиот PEUGEOT e-2008 ја обновува понудата во компактниот SUV сегмент со возило кое е подолго, пониско, технолошко и поефикасно од неговиот претходник. Неговата силуета е извајана од дизајнерите на брендот за да понуди силен, робустен, импресивен, но практичен дизајн. Слично како кај PEUGEOT e-208, e-2008 е опремен со мотор од 100 kW со вртежен момент од 260 Nm и батерија со голем капацитет од 50 kWh што обезбедува опсег до 320 km според протоколот за одобрување на WLTP. Овие карактеристики се засилени со тивко работење и несомнена динамика со нула g емисија на CО2 / km! Батериите се инсталирани на дното од возилото и обезбедуваат идеален центар на гравитација и референтна рамнотежа помеѓу удобноста и однесувањето, спојување на најдоброто знаење на брендот PEUGEOT во однос на заземјувањето.
Благодарение на платформата CMP / e-CMP, на која беше планирана електричната верзија на почетиот дизајнот, немаше компромис за пространоста. Со меѓуоскино растојание од 2,60 m и вкупна должина од 4,30 m, патничкиот простор и седиштата во 2 ред се совршено компатибилни за семејна употреба. Конечно, волуменот на багажникот е ист без оглед на верзијата (електрично или внатрешно согорување) и има капацитет до 434 литри VDA210 во зависност од опремата.
Кога станува збор за хибридни возила на полнење, PEUGEOT нуди една од најразновидните палети на пазарот.
Со новиот PEUGEOT 3008, најпродавано возило на брендот, достапен во својата хибридна верзија со 225 КС погон на предните тркала или 300 КС погон на сите тркала и PEUGEOT 508 и 508 SW. Магичниот ефект на 100% електричен режим ZEV, ефикасноста на режимот на погон на сите тркала (HYBRID4), моќноста на спортскиот режим и разноврсноста на хибридниот режим обезбедуваат вистинско задоволство при возење и андреналин. Опсегот на plug-in хибридите на PEUGEOT овозможуваат до 4 режими на возење (Electric, Hybrid, Sport и 4WD) и ветува, без оглед на верзијата, 0 вибрации, 0 мириси, 0 бучава, 0 менувач, сите со 0 емисија на СО2 во режим на електричен погон.
Сите овие верзии се одобрени во согласност со WLTP со рекордни нивоа на CO2. Што се однесува до автономијата во режимот ZEV, доволно е да се покријат поголем дел од потребите.
Во поново време, со 508 и 508 SV PEUGEOT SPORT ENGINEERED, PEUGEOT го претстави првото поглавје на својата етикета со високи перформанси. Совршена комбинација на спортски дух и технологија, PEUGEOT измисли кодови за нови, одговорни перформанси, нео-перформанси. Брендот го отвара патот кон нова ера во која секој киловат е важен и достигнува досега невидени нивоа на моќност и вртежен момент за масовно производство на своите модели. Погонскиот агрегат испорачува 360 КС и 520 Nm вртежен момент благодарение на комбинацијата на топлинска и електрична енергија, со рекордни емисии на CO2 на km. Оваа комбинација на спорт и технологија овозможува да се постигнат скоро моментални нивоа на одзив, подвлекувајќи ја важноста на задоволството при возење во DNK на брендот PEUGEOT. Оваа верзија со високи перформанси е одобрена според протоколот WLTP со 46g CO2 / km, што е еквивалентно на 2,03 литри / 100 потрошувачка!
Големиот раст на активностите за е-трговија, каде што брзината и испораката до дома се клучни елементи, важноста да се има возен парк електрифицирани комерцијални возила, ја покажа во последниве години, особено во период на здравствената кризна состојба.
PEUGEOT сега е еден од главните играчи на овој пазар со лансирање на 100% електрични верзии на комерцијални верзии со средна и голема големина: новиот PEUGEOT e-Traveller, e-Expert and e-Boxer.
Базирани на мулти-енергетската модуларна платформа EMP2 (Ефикасна модуларна платформа), PEUGEOT e-Expert и e-Traveller овозможуваат 100% електричен погон со максимална моќност од 100 KW и максимален вртежен момент од 260 Nm достапен од самиот почеток непосредна реакција, без вибрации, бучава, менување брзини, мирис и, се разбира, емисии на СО2. Електричниот погонски агрегат е сличен на оној кај новиот PEUGEOT e-208 и новиот PEUGEOT e-2008. Менувачот е адаптиран, пократок, за да ги задоволи ограничувањата на товарење поврзани со употребата на комерцијални возила. Двете возила нудат двоен опсег. Во зависност од потребите на секој корисник, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се 50 kWh и 75 kWh, што овозможува да се постигне опсег до 230, односно 330 km соодветно, според протоколот за одобрување на WLTP.
Верен на стратегијата „моќта на избор“, новиот PEUGEOT е-Boxer нуди широк спектар на големини за да одговараат на секоја употреба и секоја работа. Базиран на 3 должини на меѓуоскиното растојание (3 m, 3,45 m и 4,04 m), затворените фургони доаѓаат во 4 должини (L1, L2, L3 и L4) и 3 висини (H1, H2 и H3), за вкупно 5 големини на зафатнина од 5 до 17 m³ и носивост до 1890 kg, во зависност од верзијата. Има и верзии кој се достапни за да се исполнат специфичните професионални потреби, со некои основи за трансформација: шасија со единечна кабина (L2, L3 и L4), двојна кабина (L3) и подот на кабината (L3 и L4). Оваа поставеност исто така ја подобрува цврстината, што го зголемува задоволството при возење како кај верзиите со внатрешно согорување благодарение на оптималната дистрибуција на тежината. Новиот PEUGEOT е-Boxer нуди двоен опсег. Во зависност од барањата, достапните капацитети на литиум-јонските батерии се 37 kWh и 70 kWh.
Како и патничките автомобили во гамата на PEUGEOT, електрифицираните верзии на комерцијалните возила не ги загрозуваат корисните перформанси, модуларноста или трансформациите специфични за професионалните клиенти и овозможуваат неограничен пристап до централните подрачја на градот.
Гамата на комерцијални возила на PEUGEOT сега е 100% електрифициран. Брендот неодамна ја заврши својата понуда со 100% електрична верзија на комерцијалното возило Peugeot Partner. Базиран на eCMP платформата, погонскиот агрегат ќе биде составен од 50 kWh електрично батерија со водно ладење со капацитет за полнење до 100 kW, електричен мотор од 100 kW / 136 КС и полнач за во автомобил достапен во две нивоа на моќност (Еднофазен 7,4 kW и трифазен 11 kW).
Што се однесува на мобилноста до „последниот километар“, PEUGEOT има широк спектар на електрични велосипеди, мопеди и скутери.
Во склоп на превозните средства на 2 тркала, eF01, дизајниран од PEUGEOT Design Lab, е револуција на пазарот на електрични велосипеди што се преклопуваат.
Со тежина од помалку од 20 kg благодарение на алуминиумската рамка, тој се преклопува за само 10 секунди и секогаш останува наполнет благодарение на прилагодената станица за полнење што може да се инсталира во багажникот на PEUGEOT 3008 на пример.
EF01 е опремен со менувач од 8-степени Altus Revoshift на Shimano и може да патува со скоро 30 km / h за над 60 km.
Во 2020 година, PEUGEOT Motocycles го „оживува“ еден од најпознатите иконски модели, PEUGEOT Ludix, со создавање електрична верзија, PEUGEOT e-Ludix, што ќе биде четвртиот модел на брендот со „нулта емисија на СО2“.
PEUGEOT e-Ludix е идеален мопед за милениумци од 30ти и 40ти години, кои се желни за урбана мобилност и кои живеат, работат и се движат низ градот. Ретро, едноставен и урбан, Peugeot e-Ludix го отвора патот кон новиот концепт на урбана мобилност, со привлечно, удобно и безбедно возило за секојдневни патувања. е- Ludix може да се наполни до 80% за 3 часа и нуди автономија до 50 km. Доволно да патувате цел ден, без да се грижите за неговата батерија, имајќи ги предвид просечните растојанија што ги поминаа корисниците на превозни средства на две тркала.