Фото: Принтскрин

Комисијата за  финансирање и буџетирање на денешната седница го разгледа годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година.

На седницата извештајот пред пратениците беше презентиран од страна на претседателката на Агенцијата за супервизија и осигурување Ели Дракуловска.

Таа истакна дека осигурителниот пазар функционира одлично е стабилен и во развој. Информира дека минатата година биле направени повеќе теренски и вонтеренски супервизии во осигурителни компании и брокерски друштва каде биле изречени над 100 супервизорски мерки во однос на препораки наредби и слично со дадени рокови за извршување на супервизорскит мерки.

Воедно, таа исрати апел за потребата од финансиска инклузија и финансиска писменост на населението за пазарот.

-Да се развива повеќе (финансиска писменост на населението за осигурителниот пазар) и споредено со другите земји во регионот речиси сме блиску до Албанија и Косово, додека другите земји имаат поголем износ на осигурување така што се стремиме кон развој на пазарот – посочи Дракуловска.

Во врска со осигурителниот пазар рече дека станува збор за пазар кој е дел од финансискиот сектор и вклучува околу 1,7 проценти од вкупниот бруто пртоизвод.

-Во 2023 година 1,69 проценти, 2024 1, 7 проценти, така да се уште сме мали во делот на фкупниот финансики сектор на земјата. Така што би кажала дека предмет на суперевизија вонтетренска и теренска на Агенцијата за супервизија на осигурување се вкупно 17 осигурителни друштва. Вкупната бруто полиса на премија на целиот пазар за 2024 изнесува  речиси 16 милијарди денари и е поголема во однос на 2023 година за околу 11,3 проценти. Оваа тенденција на зголемување, на раст на пазарот на осигурување се гледа последните години дека растот е двоцифрен. Покрај осигурителните компании има осигурителни брокерски друштва кои се предмет на супервизја, теренска и вонтеренска во Агенцијата се над 40… Агенцијата врши супервизија и во делот на осигурувањето кај банките – информира таа.

Извештајот беше усвоен и пуштен на понатамошна постапка во Собраниет. Комисијата за финансирање и буџтирање денеска треба да одржи уште една седница на која ќе има амандманска расправа за ребалансот на буџетот.