Фото: Игор Бансколиев

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук-профил објави дека заштедата на електрична енергија кај домаќинствата и малите потрошувачи само во декември изнесува 17 проценти, во ноември заштедата изнесувала 18 отсто и во октомври заштедата изнесувала 17 проценти.

– Тоа значи дека во последните три месеци домаќинствата и малите потрошувачи имаат над 15 проценти заштеда на електрична енергија, што беше препорака од мерките на Владата – потенцираше Бектеши.

Министерот посочи дека мерките за штедење ги даваат првите резултати, потенцираќи дека имаме повеќе од 15 отсто заштеда кај домаќинствата и кај малите потрошувачи, а тоа помага за справување со енергетската криза.