Фото: Нова Македонија

Договорено е намалување на цената на горивото со ОКТА, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што информира, од денеска ќе има три денари попуст на сите бензински пумпи кои се коминтентни на ОКТА.

-Да, во текот на вчерашниот ден министерката за енергетика имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште едне денар. Така што, од денеска ќе имаме три денари попуст на сите бензиснки пумпи кои се коминтентни на ОКТА. Од овие цени кои се максимални, што ги утврди вчера Регулаторната комисија за енергетика, имаме три денари попуст, што значи дека ги имаме апсолутно најниските цени на горива во овој момент – порача Мицкоски, пренесе МИА.