ЕСМ Снабдување со топлина апелира сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура затоа што, како што велат, тоа е најсигурен, најбрз, најекономичен и најеколошки начин на достава.
– Потрошувачите треба да пополнат формулар кој може да го побараат од нашиот Центар за грижа на корисници да им се достави на мејл, да го испечатат и пополнат. Пополнетиот формулар можат да го остават во некој од нашите три пунктови или скениран да го достават до Центарот за грижа на корисници. Формуларот можат да го преземат и во хартиена форма на нашите пунктови, да го пополнат и да го остават во пунктот, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.
Пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина располага се наоѓаат на ул. „11 Октомври“ 9, во објектот на дирекцијата на АД ЕСМ,на ул. „Лондонска“ бр. 8, кај Топланата Запад во населба Тафталиџе и на бул. „Јане Сандански“ бр. 49, кај Капитол мол во населба Аеродром.
На пунктовите потрошувачи можат да склучат договори и да добијат информации во врска со фактурите, начините на плаќање, да поднесат формулар за добивање на е-фактура, и сл. Работното време на сите три пункта од понеделник до петок е од 07:30 до 19:00, сабота од 08:00 до 13:00 часот.
-Покрај плаќањето со траен налог отворен кај банките, потрошувачите ги имаат на располагање следните можности и тоа без провизија да ги плаќаат фактурите на пунктовите на ЕСМ Снабдување, на шалтерите во банките и во Македонска пошта, како и со електронско банкарство, и тоа со ПП30 налог или со користење на побрзиот начин со електронското банкарство на самата банка во делот на топлинска енергија, информираат од ЕСМ Снабдување со топлина.
Оттаму апелираат до потрошувачите да се обраќаат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100 и на меил адресата цонтацт@есм-снабдување.мк за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, или пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, како и за достава на формуларот за е-фактура.
&лт; п&гт;Од ЕСМ Снабдување со топлина информираат дека се изработени фактурите за топлинска енергија за месец ноември и нивната достава е започната. Рокот на плаќање на фактурата за ноември е 30.12.2022. Рокот на плаќање на фактурата за октомври е 15.12.2022.
-Износот на фактурите за топлинска енергија за месец ноември на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати е ист со оние за август, септември и октомври. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач од категоријата домаќинства одделно е прикажан во фактурата како поединечна финансиска поддршка од Буџетот на Република Северна Македонија преку АД ЕСМ, за фиксните и варијабилните трошоци, велат од ЕСМ Снабдување со топлина.
Потрошувачите, како што додаваат од ЕСМ Снабдување со топлина, ги добиваат фактурите на ист начин како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма на нивната меил адреса, додека останатите потрошувачи фактурата ќе ја добијат во хартиена форма на својата адеса на живеење.