Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари за килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари за килограм.

Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 76,50 денари за литар, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613 проценти, кај дизелот за 2,881 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251 проценти и кај мазутот има исто така намалување за 2,898 проценти.