Регулаторната комисија за енергетика попладнево донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од вчера.
Согласно оваа одлука, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2 денара за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,044 денар за килограм и ќе изнесува 56,207 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 82,00 (денари/литар)
Бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 / 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво / 86,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) / 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС / 56,207 (денари/килограм)