Фото: „Нова Македонија“

Дизел-горивото на „Макпетрол“ од вечерва по полноќ ќе се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика. Компанијата уште од вчера ја спушти цената на дизелот за два денари, а со дополнителното намалување, ова гориво од вечерва ќе се продава за вкупно три денари пониска цена.

По промената, дизел-горивото ќе може да се набави за 92,5 денари за литар.

И дел од другите горива на бензинските станици на „Макпетрол“ веќе се продаваат за цена пониска од два денари од тие објавени од Регулаторната комисија за енергетика.

Горивото Еуросупер БС-95 на „Макпетрол“се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 чини 86,5 денари.

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави следните цени на горивата: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 86,50 (денари/литар); ЕУРОСУПЕР БС-98 – 88,50 (денари/литар);  ЕУРОДИЗЕЛ БС – 95,50 (денари/литар).