Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за два денара, а мазутот за 1,292 денара, додека цените на бензините и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
ЕУРОСУПЕР БС – 95 че чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 91,50 денари, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,5 денари, на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар), а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.
Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 отсто во однос на вчерашната одлука.